Вила Ина

Идеално место за вашите свадби и прослави

Доколку секогаш сте ја замислувале вашата венчавка или прослава на отворено, Вила Ина е она што го барате!
Сместена на падините на Водно, во близина на селото г. Нерези, Вила Ина е идеално место за сите што сакаат својата приватна или деловна прослава да ја организираат на отворен простор и во природен амбиент. Таа е совршен спој на приватна интимна градина и модерно опремен простор кој ги нуди сите услови за современо организирање на настани, според замислата и желбата на клиентите. Далеку од градската врева и метеж, опкружена со прекрасни природни убавини, Вила Ина нуди прекрасен спој на природата и сите удобства коишто се потребни за да биде вашиот настан доживување што ќе се памети.